ИЗВЕСТУВАЊЕ  
     
 

05.01.2016

 
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

          ЗА ИСПИТ ЗА МЕДИЈАТОРИ ВО ФЕВРУАРСКА СЕСИЈА

 

 I. Кандидатот што се пријавува за испитот за медијатор кој нема завршено обука за медијатор, треба  да ги достави следните документи:

 

               - барање во која читливо ќе бидат наведени личните генералии, точната адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса во износ од 50,00 денари, назив на примачот - Буџет на Република Македонија, банка на примачот-Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра 72 23 13, програма 00;

- доказ за завршено високо образование VII/I или стекнати 300 кредити според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во Република Македонија или решение за признавање на соодветна високообразовна квалификација стекната во странство издадено од Министерството на образование и наука;

- доказ за завршена обука според акредитирана програма за обука на медијатори од најмалку 70 часа во Република Македонија, односно странство, или решение за признавање на соодветна обука завршена во странство донесено од Одборот;

- доказ за работно искуство од најмалку три години по дипломирањето;

- доказ за проследени најмалку четири постапки за медијација спроведени од медијатор за што е издадена потврда од медијатор поткрепена заедно си извод од Регистарот за евиденција на постапките за медијација за соодветните постапки;

- доказ за спроведен психолошки тест и тест на интегритет издаден од лиценцирано стручно лице;

- најмалку пет препораки од лица кои професионално го познаваат апликантот и

-  уверение за државјанство на Република Македонија.

 

 

 II. Кандидатот што се пријавува за испитот за медијатор кој е запишан во Именикот на медијатори, како и лицата кои имаат завршено обука за медијатори, согласно Законот за медијација (,,Службен весник на РМ“ бр.60/06, 22/07 и 114/09), треба да ги достави следните документи:

 

              - барање  во која читливо ќе бидат наведени личните генералии, точната адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса  во износ од 50,00 денари, назив на примачот  -Буџет на Република Македонија, банка на примачот - Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра 72 23 13, програма 00;

- доказ за спроведен психолошки тест и тест на интегритет издаден од лиценцирано стручно лице;

- најмалку пет препораки од лица кои професионално го познаваат апликантот и

-  уверение за државјанство на Република Македонија.

 

III. Секој кандидат треба да достави и:

               Уплатницa на образец ПП/50 со следните податоци:

- цел на дознака-  полагање на испит за медијатор;

- назив на примачот- Министерство за правда;

- банка на примачот-НБРМ;

- сметка - 100000000063095;

- износ - 9.000,00 денари;

- сметка на буџетски корисник- 070010014063112;

- приходна шифра и програма – 723013-10.

 

  IV. Потребните документи (во оригинал или во фотокопии заверени кај нотар) се поднесуваат од 08 јануари најдоцна до 22 јануари 2016 година во архивата на Министерството за правда, ул.„Димитрије Чуповски” бр.9 Скопје со назнака Министерство за правда – Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата.

 

V. Некомплетираните документи нема да се разгледуваат.

 

VI. Кандидатот кој ги исполнува условите за посетување на испитот за медијатор, ќе биде известен за времето и местото за спроведување на обука најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб страната на Министерството за правда и Јавниот радиодифузен сервис.   

 

Барање за полагање на испит за медијатор

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk