Министерот за правда Adnan Jashari ја реализираше Првата билатерална средба на министер за правда на Р.Македонија со министер за правда на Швајцарија  
     
 

03.02.2016

 
 

На средбата министерот Јашари истакна дека му претставува особена чест што ја има можноста да биде прв Министер за правда на Република Македонија кој реализира билатерална средба со Министер за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, па оттука потенцираше Јашари оваа средба е од исклучителна важност за Република Македонија, уште повеќе и заради фактот што Швајцарската Конфедерација претставува исклучителен пример за една од најразвиените демократски земји каде законите стриктно се почитуваат.

На средбата исто така се разговараше за механизмите кои двете министерства континуирано ги преземаат во насока на зајакнување на независноста и ефикасноста на судството, при што министерот Јашари информираше за целокупниот опфат на активности кои Министерството за правда ги презема од аспект на исклучување на влијанијата и притисоците врз судството, за континуираното усогласување на законодавството со европските и меѓународните стандарди како и за справување со предизвикот за успешна имплементација на донесените закони. истовремено, двајцата министри разменија мислења во поглед на промовирање на медијацијата како и функционирањето, поставеноста и контролата над работата на нотарите.

Министерот Јашари нагласи дека со оглед и на досегашните позитивни искуства каде за одредени законски решенија се користени мислењата и искуствата на истакнати експерти од САД и европа и истите се инкорпорирани во домашното законодавство, би сакал да ја има можноста експерти од Швајцарската Конфедерација кои го поседуваат релевантното искуство да дадат свој придонес и поддршка во натамошно унапредување на областите кои ги покрива Министерството за правда.

Двајцата Министри се согласија дека и покрај досегашната одлична соработка меѓу двете земји која се одвива по дипломатски пат и врз основа на европските конвенции на кои двете земји се потписнички, во идниот период ќе се разгледува можноста за превземање на конкретни активности во насока на иницирање на преговори за уредување на билатералната соработка преку склучување на договори во правосудната област, за што придонесува и фактот што околу 90.00 македонски граѓани живеат во Швајцарската Конфедерација.

Министерката Сомаруга исто така ги истакна пријателските релации меѓу двете земји, меѓу останатото и заради фактот што голем број македонски граѓани живеат во швајцарија и подвлече дека и претставува задоволство што помошта и поддршката која швајцарската конфедерација и ја дава на република македонија во повеќе области претставува значаен придонес и истата ќе продолжи и во иднина.

На крајот на средбата двајцата министри констатираа дека директната можност за размена на мислења и искуства во најзначајните области од надлежност на министерствата за правда ќе придонесе за натамошно зајакнување на билатералната соработка, при што Министерот Јашари ја покани министерката Сомаруга да ја посети Република Македонија со цел одблизу да се запознае со работата и активностите кои ги превзема Министерството за правда.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk