Министерот Јашари се сретна со известувачот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Европскиот совет  
     
 

18.02.2016

 
 

Новите известувачи на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки во Европскиот совет, денеска остварија средба со министерот за правда Аднан Јашари.

Во текот на средбата известувачите на Комисијата за следење предводена од LiseChristoferssen, ValeriuGhiletchiи , SylvieAffholder, со министерот Јашари дискутираа за политичката состојба во земјата и за последните случувања во однос на почитувањето на  човековите права, владеењето на правото и демократијата, како и за продолжувањето на реализирањето на резолуцијата 1749 за следење на дијалогот со Македонија, како и за постапката за соработка со Советот на Европа за препораката 2022, од 2013 година.

Истовремено на оваа средба се дискутираше и за реализирањето на договорот  од јуни/јули 2015 година, со посебен акцент за изборните реформи и за законот за медиуми, каде министерот Јашари ја информираше Комисијата за известување за преземените чекори како министер за правда согласно задолженијата и обврските кои произлегуваат  од овој договор.

Министерот Јашари исто така изјави дека се реализирани сите точки од договорот  од Пржино со исклучок на двете прашања кои се однесуваат на изборната реформа и законот за медиуми. Истовремено и за овие две прашања, очекуваме, истакна Јашари од работните групи, претставници  на четирите политички партии да постигнат договор.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk