Средба на министерот Јашари со Омбудсманите на Албанија и Македонија  
     
 

23.02.2016

 
 

Министерот за правда Аднан Јашари денеска оствари средба со Народниот правобранител на Република Албанија, г. Игли Тотозани и Народниот правобранител на Република Македонија, г. Иџет Мемети.

  

 На средбата се разговараше за соработката меѓу двете земји во однос на заштитата на човековите права и слободи во рамките на Конвенцијата против тортура и друго сурово, нехумано и понижувачко постапување.

 

 Министерот за правда го извести Народниот правобранител на Република Албанија за преземените активности во однос на изготвувањето на предлогот за измените на Законот за народниот правобранител кој би се усогласил со Париските принципи и би му овозможил на Народниот правобранител на РМ статус А.

 

 Имајќи ги во предвид основните начела врз кои се базира едно демократско модерно општество,истакна Јашари една од нашите обврски е градење на систем во кој се обезбедени сите предуслови кои овозможуваат висок степен на одговорност од страна на државните институции, во насока на почитување, заштита и развој на човековите права.

 

 Наша цел е почитување и унапредување на човековите права во Република Македонија, што подразбира целосно усогласување на правниот поредок со принципите на меѓународните конвенции кои Република Македонија ги има преземено од моментот на нивното ратификување - заклучи министерот Јашари.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk