Засилен надзор и зајакнување на капацитетите на Државниот управен инспекторат - придонес за реформа на државната администрација  
     
 

04.09.2007

 
 

Спроведената обука за Информатички технологии е само дел од превземените активности на Државниот управен инспекторат за унапредување на работата на советниците инспектори. На состанокот одржан на 03.09.2007 на директорот на Државниот управен инспекторат Димитар Георгиевски со сите советници инспектори, беше констатиран напредок во реализирањето на годишната програма на инспекторатот, како и остварување на месечните планови за работа. Беше заклучено дека зајакнувањето на капацитетот на инспекторатот во кадровска смисла, техничката опременост и континуираната стручна обука, почна да дава резултати преку перманентен инспекциски надзор над примената на Законот за општа правна постапка, во сите сфери на државната управа од локалната и централната власт.

Охрабрувајќи ги инспекторите за постигнатите резултати, директорот Димитар Георгиевски изрази задоволство за ефикасноста и успешноста на Државниот управен инспекторат во справувањето со предизвиците од работењето на државната администрација. Воедно се презентираа плановите за работа до крајот на оваа година како и дополнувањето на Законот за управна инспекција и новиот Закон за постапување по претпоставки и предлози кои во моментов се во собраниска процедура.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk