Средба меѓу министерот Јашари и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, г. Hoyt Brian Yee и г. JD Waterman политички офицер  
     
 

04.03.2016

 
 

Министерот за правда Аднан Јашари денеска оствари работна средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, г. Hoyt Brian Yee и  г. JD Waterman политички  офицер.

На ова средба се разговараше за општата состојба во земјава, за реформите во судството каде министерот Јашари рече: Акцентот на реформите  опфати и активности за зајакнување на судството во однос  со другите области на власта, зајакнување на стратешкото планирање,  унапредување на независноста, ефикасноста и транспарентноста на целиот судски систем.


Во Република  Македонија во тек се следниве реформи кои се насочени кон изградба на современ систем на кривичното право. Независно и ефикасно судство, бескомпромисна војна против организираниот криминал и корупцијата се главните насоки на реформите во судството.

Основните цели се владеењето на правото и зголемување на ефикасноста на судскиот систем, заштита на правата на граѓаните, брзи и ефикасни постапувања,  спречување на злоупотреба на правата и можностите за корупција, како и почитување на професионалната  етика и надградба  на европските стандарди.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk