Министерот Јашари учествуваше на Конференција на тема–Усогласено управување и превенција на корупцијата во приватниот сектор  
     
 

10.03.2016

 
 

Конферецијата e во рамки на активностите на ИПА2010 Твининг проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ и има за цел подигнување на свеста за потребата од воведување усогласено управување во приватниот сектор, а во насока на јакнење на превенцијата на корупцијата.

 

Министерот Јашари во своето излагање истакна дека создавањето слободна здрава пазарна економија и поволна бизнис клима во која компаниите ќе работат ефикасно и развојно со полна доверба е незамисливо без спроведување на активности за превенција и борба против корупцијата во приватниот сектор.

 

Во таа смисла  истакна Јашари единствениот примарен пристап за кој се залагаме е во насока на обезбдување поддршка за самостојно јакнење на интегритетот на правните лица во приватниот сектор, со што ќе се делува на унапредувањето на ефикасноста на превенцијата и борбата против корупцијата и во приватниот и во јавниот сектор. Во таа насока истакна Јашари во ноември 2015 година донесен е Законот за заштита на укажувачи, чијашто примена отпочнува на 18-ти март оваа година.

 

Со овој Закон се уредува заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица, во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите во јавниот и во приватниот сектор.

 

Подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за заштита на укажувачи се донесени истакна Јашари и посебно го потенцира донесениот Правилник за насоки за донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување во правното лице во приватниот сектор.

 

Согласно овој Правилник рече Јашари, правните лица во приватниот сектор при донесување на внатрешните акти за заштитено внатрешно пријавување треба да ги имаат предвид одредбите од Законот за заштита на укажувачи и подзаконските акти со кои се пропишува заштитеното внатрешно пријавување во јавниот сектор и заштитеното надворешно пријавување, Министерот Јашари на крајот на своето излагање повика на  развивање на свеста за бескомпромисна борба против корупцијата со што како што рече тој ќе  придонесеме за унапредување на условите за успешно, чесно и фер водење бизнис во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk