Министерот Јашари учествуваше на Конференцијата- Ефективна борба против корупција на високо ниво : прашање на личност или систем?  
     
 

22.03.2016

 
 

Во своето обраќање министерот Јашари истакна дека Република Македонија во изминатиов период се занимаваше со ова прашање и тоа во рамките на активностите за следење односно мониторинг на случаите на корупција.

Во оваа насока рече тој , во октомври 2012 година се формираше Работна група за изработување на Методологија за релевантен статистички систем за мониторинг на анти-корупциската политика, чии членови се претставници на сите релевантни државни институции. Оваа работна група рече Јашари меѓу другите активности, го разгледуваше и прашањето за случаи на корупција од висок профил при што како основни критериуми за кои се постигна согласност се: функцијата на сторителот на коруптивното кривично дело како и утврдената кривична одговорност на најмалку три лица кои вршат работи од јавен интерес во јавниот сектор а кога е причинета штета, односно е стекната корист од големи размери.


Кога станува збор за основната надлежност на Министерството за правда односно создавањето на сеопфатна и конзистентна анти-корупциска легислативна рамка, Јашари ги спомена последните и најнови случувања на овој план а тоа е усвојувањето на Законот за заштита на укажувачи во ноември 2015 година како и донесувањето на подзаконските акти на овој закон.

Сепак како предуслов за успешна борба против корупцијата воопшто, а особено против корупцијата на високо ниво, Јашари истакна дека е потребно е да постои ефикасен, ажурен, добро осмислен, екипиран, едуциран, современ, модерен и пред сè независен систем на институции за борба против корупцијата, соодветен сеопфатен и конзистентен легислативен анти-корупциски систем како и соодветни личности кои го водат овој систем, кои треба да бидат независни, непристрасни, објективни, добро едуцирани, со соодветно практично искуство и теоретски знаења, силни личности кои не потклекнуваат на закани, заплашуавања и ветувања за корист, како и личности кои се некомпромитирани и без дамки во личниот и професионалниот живот и поведение. Ова пред сè се однесува на лицата односното челниците кои ги водат полициските истраги, на судиите и обвинителите како и другите челници на анти-корупциските агенции. Секако, покрај нив, не помалку се битни и сите други лица кои работат во анти-корупциските институции како и во сите државни институции , истакна на крајот Јашари.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk