Министерот за правда Аднан
Јашари заедно со претседателот на Судскиот совет г. Бранко Ушковски и заменик
претседателот г. Селим Адеми, како и со
претседателите и членовите од претходните состави на Судскиот совет, денес го
одбележаа Денот на правосудството.
Во
текот на своето обраќање министерот Јашари се задржа на предизвиците кои се зацртани како приоритети
за идниот период и кои се дефинирани во
Стратегијата за реформи на правосудството која во моментов е доставена на
мислење до Европската комисија. 
Нашите активности рече Јашари во овој период се сконцентрирани на подготовка
на детални акциони планови за
спроведување на Стратегијата.
Стратегијата
истакна Јашари е изготвена во соработка
со експерти од Европската унија е
структурирана во шест области: Судство, Казнено - правен систем,Пристап до
правдата и транспарентност, Политика и координација, Управно правосудство и Информатички системи и е - Правда.
Министерот
Јашари во оваа прилика им го честита
Денот на правосудството на сите присутни, како и на сите
вработени во правосудните органи во Македонија.