Министерот за правда Валдет Џафери се сретна со Министерот за правосудство на Република Хрватска г. Анте Шпрле  
     
 

15.04.2016

 
 

Денеска Министерот за правда Валдет Џафери се сретна со Министерот за правосудство на Република Хрватска, г. Анте Шпрле.

 Министерот Шпрле му честиташе на министерот Џафери за неговото именување во новата функција, посакувајќи му многу успеси во справувањето со понатамошните предизвици.  

 Во текот на средбата се дискутираше за досегашната соработка меѓу двете земји, како и за можноста за понатамошно продлабочување на соработката.

 Меѓу другото министерот Џафери го информираше министерот Шпрле за создадената состојба во земјата како и за можностите и за алтернативите за надминување на тешкотиите, но и за начинот на организирањето и за реформите кои се спроведуваат во судството. 

Исто така во текот на средбата се разговараше и за улогата и надлежноста на Министерството за правда во извршниот систем, согласувајќи се дека и двете земји треба да остварат и други средби во иднина за да ги разменат нивните искуства.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk