Министерот за правда м-р Валдет Џафери оствари протоколарна средба со Министерот за правда на Лaтвија, г. Sинтарс Раснач  
     
 

14.04.2016

 
 

Денеска Министерот за правда г. Валдет Џафери оствари протоколарна средба со Министерот за правда на Лaтвија, г. Sинтарс Раснач.

Во текот на ова средба се разговараше за актуелната состојба  како и за последните случувања  како резултат  на непочитувањето на  политичкиот договор.

Меѓу другото министерот Џафери  го извести министерот Раснач за спорната одлука на Претседателот на Република Македонија  за аболицијата на 56 лица осомничени за различни кривични дела.

Исто така се дискутираше и за функционирањето на  третата власт односно  на судската власт како и за реформите кои се имплементираат.

Министерот Џафери информираше и за  новостите на Законот за академијата за судии и јавни обвинители, односно за можноста соработниците во судовите, обвинителите и адвокатите со пет годишно работно искуство,  како и со минимална просечна  оценка од 7.00 да имаат можност да аплицираат  во академија. 


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk