Министерот за правда м-р Валдет Џафери учествуваше на заедничка Конференција на тема - ИПА Твининг Проект „Зајакнување на владеењето на правото“  
     
 

15.04.2016

 
 

Министерот за правда м-р Валдет Џафери на заедничка Конференција со министерот за правда на Република Латвија Г-н Ѕинтарс Раснач и на Република Хрватска Г-н Анте Шпрље, како и со  Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија Г- н Аиво Орав,денеска го означи почетокот на ИПА Твининг проектот „Зајакнување на владеење на правото“, финансиран од страна на Европската унија, кој Министерството за правда на Република Македонија ќе го спроведува во период од 2 години, во партнерство со Министерството за правда на Република Латвија и Министерството за правда на Република Хрватска.  


Во своето обраќање министерот Џафери се заблагодари на  претставниците на Европската Унија, за континуираната поддршка и соработка, изразена преку Инструментот за пред-пристапна помош ИПА, вклучително и преку останатите инструменти на поддршка, кои како што рече се од огромно значење за европските перспективи на нашата земја.

 

Основната цел на овој Твининг проект истакна министерот Џафери, е пред се поддршка на Министерството за правда, како и  на другите институции од правосудниот сектор во консолидирање на владеењето на правото, преку зајакнување на нивните капацитетите, како и преку помош во усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската Унија и клучните инструменти за човекови права на Советот на Европа.

 

Министерството за правда истакна Џафери, како корисник на проектот уште од самиот почеток презеде активности за негова непречена имплементација , како што е обезбедување на  сите потребни структури и чекори за оперативност на канцеларијата на Постојаниот твининг советник во Министерството за правда, со чие доаѓање во декември 2015 година и формално се означи започнувањето на проектот.

 

 Министерот Џафери посакувајќи успех на отпочнување на Проектот ја потенцираше подготвеноста на Министерството за правда да го даде својот активен придонес и поддршка за успешна реализација на проектот, чие остварување ќе овозможи јакнење на капацитетите на надлежните национални институции и ќе придонесе за обезбедување на поголема правна сигурност на граѓаните.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk