Директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеорѓиевски на Годишната конференција на Европската група за јавна администрација во Мадрид  
     
 

19.09.2007

 
 

Директорот на Државниот управен инспекторат Димитар Ѓеорѓиевски присуствува на Годишната конференција на Европската група за јавна администрација која оваа година се одржува во Мадрид од 19 до 22 септември.

На конференцијата на која ќе земат учество еминентни професори од најзначајните универзитети во Европа ќе се разговара на тема „Јавната администрација и разноликоста во управувањето“, а присутните ќе имаат можност да разменат искуства за современите тенденции во развојот на јавната администрација како спроведувач на услуги и присутноста на принципот на разноликост во рамките на администрацијата, како и за улогата на централните институции во повеќестепената организација на државната власт.

Учеството на директорот Ѓеорѓиевски на конференцијата е во рамките на проектот  за стручно усовршување на  вработените и менаџментот во Државниот управен инспекторат , кој се реализира во рамките на заемот на Светска банка и ќе опфати стручна обука на советниците инспектори, а со цел зајакнување на капацитетите на инспекторатот. Учеството на конференцијата ќе придонесе за согледување на современите компаративни искуства во областа на јавната администрација и нивно имплементирање во домашниот правен систем во рамките на процесот на реформа на управното законодавство.  

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk