Потпишан Меморандум за соработка со Националниот Совет за родова рамноправност  
     
 

20.04.2016

 
 

Mинистерот за правда м-r Valdet Xhaferi  потпиша Меморандум за соработка со Националниот Совет за родова рамноправност, застапуван од претседателката г-ѓа Савка Тодоровска.

Целта  на потпишувањето на  меморандумот е преку меѓусебна соработка на Министерството за правда и Националниот Совет да се унапреди заштитата на жените од родово базирано насилство во согласност со европските стандарди при што ќе се промовира партнерски однос на институциите од централната и  локалната власт и цивилното општество.  

Во рамките на оваа соработка се предвидуваат обуки за претставниците на институциите заради зголемување на нивните знаењата за важноста и потребата од соодветна општествена реакција против родово базираното насилство.

Воедно според Меморандумот ќе се реализираат и активности за унапредување на постојната законска регулатива и нејзино усогласување со меѓународните стандарди што ќе овозможи соодветна заштита на жените жртви на родово базирано насилство.
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk