Министерот Џафери се сретна со новиот претседател на Судскиот совет  
     
 

27.04.2016

 
 

Министерот за правда Валдет Џафери денеска оствари протоколарна средба со Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, г. Зоран Караџовски кој беше избран вчера од страна на советот.

Министерот Џафери првенствено му ја честиташе новата функција на претседателот Караџовски и истакна дека соработката меѓу двете институции е добро да биде ориентирана кон резултатите, да биде исполнет и конструктивен и дека Министерството за правда изразува спремност да помогне во подобрувањето на правосудството согласно надлежностите кои ги поседува.

 

На ова средба исто така се разговараше и за проблемите со кои се соочува правосудството и за усвојувањето на законските проекти како важен дел за судството во Македонија.

 

Претседателот Караџовски исто така му ја честиташе и на министерот Џафери новата функција и исто времено посака нивните средби да бидат по чести со цел да се третираат прашањата кои ги тангираат двете институции.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk