Работна средба на министерот Џафери со директорката на АСЈО , Анета Арнаудовска  
     
 

03.05.2016

 
 

 

Министерот за правда Валдет Џафери оствари работна средба  со директорката  на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Анета Арнаудовска, на која се  дискутираше за соработката меѓу двете институции, која соработка како што беше оценето е многу важна и многу потребна.

Во текот на средбата, директорката Арнаудовска извести за текот на активностите на Академијата, за примањето на новата генерација на кандидати за судии и јавни обвинители, како и за постојаната обука на кандидатите за судии и јавни обвинители како и за административниот кадар во судството и обвинителството.

Посебен акцент во текот на ова средба беше ставен врз примањето на новите кандидати, односно реализирањето на веќе отворениот конкурс како и за отворањето на новиот конкурс, каде согласно Законот за академијата за судии и јавни обвинители ќе се примаат уште 60 нови кандидати за следење на обуката кои после тоа ќе ја извршуваат функцијата на јавен обвинител. 

Министерот за правда Валдет Џафери ја истакна потребата за соодветна застапеност на сите заедници во идните генерации кои ќе бидат примени за да следат обуки во академијата, со цел поскоро постигнување на реалната и вистинската застапеност во судството и во обвинителство.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk