Средба Џафери - Петерсен  
     
 

04.05.2016

 
 

Во просториите на Министерството за правда, министерот за правда  Валдет Џафери оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ за Македонија г. Јан Петерсен во придружба на неговиот тим.

 На средбата со министерот Џафери, амбасадорот г. Јан Петерсен  го извести за придонесот на ОБСЕ во Македонија, особено за следењето и неутралната асистенција во текот на изборниот процес како и за другата помош во однос на изборните прописи и развојот на правните капацитети во земјава.

Министерот за правда му се заблагодари на амбасадорот и неговиот тим за посетата, исто така го извести амбасадорот Петерсен за измените во Избирачкиот законик согласно договорот на Пржино меѓу четирите политички партии во Македонија, како и за придонесот на министерството во различни форми како што е прочистувањето на избирачкиот список, по конкретно во директната соработка со ДИК во подготвувањето и доставувањето на податоците од Управата за водење на матичните книги како орган во состав на Министерството за правда.

На средбата министерот Џафери го информира амбасадорот г. Петерсен и неговиот правен советник дека Министерството за правда ќе биде отворена за секаков вид на соработка и помош, и исто така и двете страни се согласија дека по завршувањето на избирачкиот процес повторно да се разгледа во целост Избирачкиот законик каде ќе се земаат во предвид препораките на ОБСЕ – ОДИХР кои ќе произлезат по изборите.

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk