Заменик министерот Сашо Василевски учествуваше на Неформалниот состанок на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ  
     
 

01.10.2007

 
 

Делегација од Министерството за правда , предводена од заменик министерот Сашо Василевски на 1-2-10-2007 година учествуваше на неформалниот состанок на Министрите за правда и внатрешни работи на Европската Унија , во рамки на Португалското Претседателство на ЕУ што се одржува во Лисабон.

Министрите за правда на ЕУ разговараа за темата -Електронска правда: ,,Европските граѓани и компании на дофат ,,  и ,,Заштита на правата на детето,,

Во рамки на првата сесија Европските министри за правда дискутираа за електронизација на правдата и изнаоѓање на електронски алатки за подобрување на услугите кон граѓаните кон ЕУ, зголемување на транспарентноста и ефикасноста во правосудството и борба со современите облици на криминал.

Заменикот Василевски се обрати на присутните и ги информира за реформите во правосудството во РМ и активностите кои РМ ги презема за воспоставување на информатичко комуникациски технологии, како и за мерките кои се преземаат за воведување на електронско општество воопшто во РМ со цел подобрување на услугите на граѓаните и исполнување на критериумите потребни за интеграција на РМ во  ЕУ.

На маргините на состанокот , заменик Министерот Сашо Василевски  оствари билатерални средби со министрите за правда на Германија Бригите Тзуприс, министерот за правда на Хрватска Ана Ловрин, и министерот за правда на Словенија Ловро Стурм.

Заменикот Василевски се заблагодари на соработката и поддршката која Германија ја дава на Република Македонија во спроведувањето на Стратегијата за реформи во кривичното законодавство како и во подготовката на Законот за бесплатна правна помош.

Со Хрватската министерка и Словенечкиот министер беа дискутирани понатамошните модалитети на соработка помеѓу двете земји.

На средбите беше потенцирано дека  учеството на РМ на ваквите состаноци е од исклучително значење за реафирмација на заложбите на РМ на патот кон ЕУ и добивање на поддршка од земјите  членки.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk