Министерот Џафери на Свечена Академија по повод 10 годишниoт јубилеј од основањето на Комората на извршители на Република Македонија  
     
 

03.06.2016

 
 

Министерот Валдет Џафери во поздравниот говор истакна дека новиот систем на извршување кој се применува во Република Македонија  е исклучително функционален, ефикасен и дава позитивни резултати.

 

 Ваквата констатација истакна Џафери произлегува од следењето на работата на извршителите и  постојаното и непречено функционирање  на новиот систем на извршување, и тоа како од аспект на ефекти од извршувањето, така и од аспект на успешноста на работата на извршителската должност.

 

 Од иницијалните 41 извршител кои во 2006 година, започнаа со примената на новиот систем на извршување, во моментов во Република Македонија именувани се 97 извршители истакна Џафери. Во канцелариите на извршителите, вработени се 526 лица не вклучувајќи ги извршителите, што покажува дека и извршителските канцеларии се добро екипирани со потребни стручни луѓе со цел ефикасно спроведување на извршувањето додаде тој.

 

 Од аспект на надлежностите на Министерството министерот Џафери рече дека, министерството за правда тековно ги реализира своите надлежности од областа на извршувањето, презема мерки за нивна професионализација и унапредување, ја следи состојбата со пополнувањето на бројот на непополнети седишта на извршители согласно со Правилникот за бројот и распоредот на службени седишта на извршителите и согласно потребите за побрзо и поефикасно остварување на правата и интересите на граѓаните и правните лица.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk