Министерот Џафери учествуваше на Конференција на тема- Јакнење на заштитата на правата на осудените лица  
     
 

29.06.2016

 
 

Министерот за правда Валдет Џафери во своето обраќање потенцираше  дека развојот на пенитенцијарниот систем е еден од приоретните цели на Владата на Република Македонија, при што ги спомна бројните успешно реализирани проекти, како и планираните програми и стратегии за понатамошно подобрување на оваа област.

 

 

 

Искрено верувам рече тој, дека со заеднички напори и со останатите институции кои се инволвирани во системот на извршување на санкции, како и со поддршка на меѓународни институции и организации ќе успееме да ги исполниме стратешки поставените цели на краток, среден и долг рок.

 

Во однос на  долгорочните цели кон кои се стремиме да ги постигнеме во наредниот период, а кои се насочени кон развој Џафери ги спомна – подобрувањето на начинот на постапување со целосно почитување на човековите права и достоинството на лицата лишени од слобода во казнено - поправните и воспитно - поправните установи , потоа ресоцијализација на осудените и малолетните лица и нивна успешна реинтеграција во општеството, како и подобрување на условите и намалување на преполнетоста во казнено - поправните и воспитно - поправните установи.

На Конференцијата учествуваа и  претставникот на Европската унија,  г. Лукаш Холуб, претставничката на Советот на Европа, г-ѓа Тања Ван Дајк и директорката на Управата за извршување на санкции, г-ѓа Лидија Гаврилоска, како и со други гости 
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk