Министерот за правда на Италија Андреа Орландо во официјална посета на Министерството за правда на Република Македонија  
     
 

25.07.2016

 
 

 

    Министерот за правда на Република Македонија Валдет Џафери на средбата му посака добредојде на министерот Орландо и се заложи за продлабочување на веќе воспоставената континуирана пријателска соработка меѓу двете земји и зајакнување на заедничките приоритети како и целосното спроведување на договорите постигнати досега.

По состанокот на двајцата министри заедно со нивните делегации следуваше свеченото потпишување на билатералните договори и тоа на Дополнителниот билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја од 20 април 1959 година, како и на Дополнителниот билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за екстрадиција од 13 декември 1957 година.

 

 Министерот Џафери во своето обраќање  ја истакна потребата од  склучување на нови два дополнителни билатерални договори, кои имаат за цел да ја олеснат примената на Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја и Европската конвенција за екстрадиција со двата дополнителни протоколи, на кои експертските групи при водењето на преговорите се придржуваа.

 Овие договори истакна Џафери регулираат прашања за  делокругот на давање на правна помош; извршување на барањата за правна помош и одлагање на извршување; пренос на барање за правна помош;начин на комуникација; сослушување по пат на видео конференција; трошоци за организација на видео конференција;идентификација на банкарски и финансиски податоци; екстрадиција на сопствени државјани, екстрадиција на сопствени државјани за кривични дела од организираниот криминал, корупција и перење пари, транзит и ратификација на договорите  како  и време на склучување на договорите и стапување во сила.
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk