Прв редовен надзор во основните и средните училишта во Република Македонија во управното и канцелариското работење  
     
 

03.10.2007

 
 

Согласно со Програмата за работа за 2007 година на Државниот управен инспектоат е изготвен План за работа за месец октомври, според кој е утврдено вршење на инспекциски надзор во основните училишта во Република Македонија во поглед на управното и канцелариското работење, како и надзор над педагошката евиденција и документација.

 

За таа цел на ден 28.09.2007 година во просториите на Министерството за правда е одржан договорен состанок помеѓу стручниот колегиум на Државниот управен инспекторат, директорот на Државниот просветен инспекторат и раководителот на Секторот за основно и средно образование при Министерството за образование и наука.

 

На состанокот од страна на претставниците на Министерството за образование и наука беше дадена полна подршка на Државниот управен инспекторат за иницијативата за вршење на инспекциски надзор во основните и средните училишта во Република Македонија, со цел да се укаже на евентуалните недостатоци во работењето и подобрување на истото.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk