Министерот Џафери на конференцијата – Зајакнување на судската соработка во граѓанските и кривичните предмети  
     
 

26.07.2016

 
 

Министерот за правда Валдет Џафери заедно со Амбасдорот на Кралството Холандија Г-н Ваутер Пломп и претставник на Европската Унија Г-н Јаромир Левичек денес го означија почетокот на ИПА Твининг проектот „Зајакнување на судската соработка во граѓански и кривични предмети“, финансиран од страна на Европската унија, кој Министерството за правда на Република Македонија ќе го спроведува во период од 8 месеци, во партнерство со Центарот за меѓународна правна соработка од Кралството Холандија.  

Основната цел на овој твининг проект е зајакнување на капацитетите на Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда, Јавното обвинителство, судовите и другите институции кои се вклучени во меѓународната правна помош, истакна Џафери. 

Министерот Џафери потенцираше Од една страна се јавува потреба да се уредат личните, семејните, работните, имотните и другите материјално-правни односи со меѓународен елемент. Луѓето патуваат, се вработуваат, стапуваат во брак, купуваат, наследуваат, се образуваат со што неминовно стапуваат во правни односи со меѓународен елемент и затоа мора да се утврдат правила за надлежноста на судовите и другите органи на Република Македонија за расправање на овие односи, правила на постапката и правила за признавање на странските судски одлуки и одлуки на другите органи на странската држава. Од друга страна неспорен е фактот дека во современиот свет криминалот не познава граници.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk