Министерот Џафери се сретна со амбасадорот на САД г. Џес Бејли  
     
 

26.08.2016

 
 

Министерот за правда Валдет Џафери и амбасадорот на САД г. Џес Бејли денеска остварија протоколарна средба во Министерството за правда.

Министерот за правда Валдет Џафери на почетокот на средбата го извести г. Џес Бејли за последните реализирани активности и исто времено го информираше амбасадорот за работите и обврските кои го чекаат Министерството за правда во иднина.

Амбасадорот Бејли во текот на ова средба изрази интерес да се запознае од блиску со реализираните проекти во рамките на министерството, како и да споделат мислења околу предизвиците и актуелните проблеми со кои се соочува Република Македонија.

Исто така г. Бејли ја искажа подготвеноста на неговата земја да ја продолжи соработката со сите институции кои се во надлежност на Министерството за правда, преку обезбедување на размена на искуства во овие институции.

Министерот Џафери му се заблагодари на амбасадорот Бејли за неговата посета на Министерството за правда, нагласувајќи дека соработката со САД е повеќе од потребна во секој период, како што беше и до сега.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk