Заменик министерот Сашо Василевски учествува на ЕУ-Западен Балкан Министерскиот форум за правда и внатрешни работи во Словенија  
     
 

05.10.2007

 
 

Делегација од министерството за правда предводена од заменик министерот Сашо Василевски на 4-5-октомври 2007 год.учествува на  ЕУ-Западен Балкан Министерскиот Форум за правда и внатрешни работи што се одржува во Брдо-Љубљана , Република Словенија.

 Форумот  претставува собир на министрите за правда и внатешни работи на земјите од Западен Балкан со претставниците на ЕУ тројката  и претставници на останатите институции на ЕУ . Целта на форумот е  зајакнување на регионалната соработка во областа на правдата и внатрешни работи и потврдување на  локалната заложба  на процесот на интеграции кон ЕУ на земјите од регионот.

Форумот отвори дискусии во три сесии – ,,Подобрување на борбата против прекуграничниот криминал ,,Подобрување на судската соработка,, и ,,Интегрирано гранично работење и безбедност на документи,,.

Заменик министерот Василевски се  обрати на втората сесија – ,,Подобрување на судската соработка,, во рамките на која  истакна чекорите кои РМ и Министерството за правда ги презема за исполнување на критериумите за отпочнување преговори за членство во ЕУ како и регионалните иницијативи за соработка со цел постигнување ефикасно и независно правосудството и спроведување ефективна борба против организираниот криминал.

Во рамките на посетата на Република Словенија, заменик министерот Сашо Василевски оствари билатерална средба со Државниот секретар  во министерството за правда на Словенија Роберт Маролт . Темите за кои разговараa беа зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете министерства, понатамошна размена на искуства во областа на прекршоците , парничната достава,  бесплатната правна помош, медијацијата, пробацијата, меѓународната правна помош, реформите во кривичното законодавство и можноста за реализација на претстојниот ЕУ-Западен Балкан Министерскиот Форум за правда и внатрешни работи во РМ.

Заменикот Василевски се заблагодари за досегашната поддршка и споделување на искуствата со Република Словенија и упати покана до државниот секретар Роберт Маролт и до  министерот за правда на Република Словенија за посета на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk