Средба на министерот Џафери со претставници на ОБСЕ, ОДИХР, како и со претставници на Венецијанската Kомисија  
     
 

21.09.2016

 
 

Денеска во просториите на Министерството за правда, министерот Џафери оствари средба со  Тамара Отиашвили, претставник на ОДИХР, Пиере Гароне раководител на  Секторот за избори и политички партии  во Секретаријатот на Венецијанската комисија и Пере Виланова професор во Универзитетот на Барселона. На средбата се разговараше  за последниот извештај на Венецијанската комисија  како и за препораките за Изборите од 2013. Горенаведените експерти  со Министерот за правда ги разменија  ставовите во однос на ова прашање. Исто така се разговараше и за последните измени  на Изборниот законик, за  легислативата за медиумската аудио и визуелна служба, за  Законот за собранието, како и предизборното институционално  функционирање  согласно овие закони.

Министерството за правда на ова средба  изрази спремност  да ги понуди сите институционални капацитети со цел  изборниот процес и актуелните закони кои се во сила,  кои се директно поврзани  со изборите,  да се спроведат без никакви пречки.

Министерот Џафери им се заблагодари на експертите за нивната посета со надеж за понатамошна соработка  во однос на  овие круцијални прашања, за да се надминат политичките предизвици со кои се соочува Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk