Средба на Министерот за правда Валдет Џафери со експерти од Правниот сектор на САД  
     
 

22.09.2016

 
 

Министерот за правда Валдет Џафери,  денеска оствари средба со претставници од  Секторот за правда на САД: Кетрин Њукомб, Ерик Трини и Дана Мулхаусер и со претставници од Амбасадата на САД: Леви Смили и Адриан Исмаили, кои престојуваат во Република Македонија по повод одржувањето на Конференцијата за заштита на верските слободи и спречување на дискриминацијата и на насилството.

Министерот Џафери во текот на ова средба известуваше за преземените чекори од страна на Министерството за правда во однос на инкриминација на јазикот, омразата  и дискриминацијата врз основа на полот, расата, верата, религијата. Исто  така министерот Џафери ги извести претставниците на Министерството за правда на САД за работната група која е оформена во рамките на Министерството за правда со претставници од различни институции.

Во текот на ова средба министерот Џафери  изрази спремност за секоја соработка и помош која доаѓа од страна на САД во насока на размена на искуствата од ова област но и од други сфери од правосудството.
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk