Средба на министерот Џафери со г. Александар Арвизу, заменик помошник Државен секретар  
     
 

28.09.2016

 
 

Министерот за правда г. Валдет Џафери денеска  го пречека  на средба  заменик  помошник Државниот  секретар на САД,  г. Александер  Арвизу. На ова средба беа присутни и  вршител на должност на  амбасадорот на САД  Микаела  Шфаицер – Блум,  директорот на Програмата ИНЛ во Македонија, Ирен Мар и Политичкиот офицер за политички прашања во Амбасадата  на САД, Грегори Финк.

Во текот на ова средба, министерот Џафери и заменик  помошник државниот  секретар  г. Александар Арвизу,  во главно дискутираа за последната политичка  состојба  која е создадена во Македонија,  за функцијата на судството  и за борбата против  дрогата и други наркотични супстанци.

Дел од овој разговор беше и Меморандумот за соработка  меѓу Република Македонија и САД, при што  г. Александар Арвизу повторно ја потенцираше целосната поддршка на САД во однос на владеењето на правото. Соединетите Американски Држави се заложија  за продолжување соработката од областа за унапредување на  законодавството  во Република Македонија.

Министерот Џафери му се заблагодари  на г. Александар Арвизу за посетата  и изрази спремност  за соработка во однос на разрешување на сите проблеми кои се во надлежност на Министерството за правда.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk