Конференција за финансирање на политичките партии и изборната кампања  
     
 

07.10.2016

 
 

Министерот за правда Валдет Џафери заедно со амбасадорот на Европската унија, г. Самуел  Жбогар и претседателот  на Државната комисија за спречување на  корупцијата, г. Игор Тантуровски, денеска учествуваа  на Конференцијата -  Напредните методи за следење  на финансирањето на политичките партии и изборната кампања, организирана во рамките на  ИПА Твининг Проектот за поддршка на ефикасната превенција   и  борбата против корупцијата.

Главната цел на  оваа  конференција  е  ефикасната  контрола врз  финансирањето на  политичките партии и изборната кампања.

Потенцирајќи ја  важноста на овој проект, министерот Џафери на оваа конференција истакна дека:

„Со Законот за  финансирање на политичките партии, се уредуваат начинот и постапката за обезбедување на  финансиски средства,  достапноста на  финансиските средства за актуелната  работа  и контролата на  финансирањето на политичките партии„.

Министерот Џафери,  исто така истакна  дека,  системот за финансирање на политичките партии и на изборната кампања, задолжително  треба да  ги следи  стандардите за борба против корупцијата. 

На крај од ова излагање, министерот Џафери изрази  задоволство за неговото учество  на ова  конференција  и истакна дека  Министерството за правда е секогаш подготвена да го даде  нејзиниот  придонес  и  постојаната поддршка во овој процес. 


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk