Министерот за правда, г. Валдет Џафери на Светскиот конгрес за правда кој се одржува во Истанбул  
     
 

17.10.2016

 
 

Министерот за правда г. Валдет Џафери учествува на Светскиот конгрес за правда кој се одржува во Истанбул од 17 до 19 октомври. Во текот на свеченото отворање кој се одржа денеска, одржа говор домаќинот на овој конгрес, Министерот за правда на Република Турција г. Беќир Боздаг, како и Претседателот на Република Турција, г. Таип Ердоган. Министерот за правда г. Валдет Џафери ќе се обрати пред учесниците на конгресот во текот на утрешниот ден каде ќе зборува во однос на меѓународната правна соработка како и за алтернативното решение и правните спорови.

Меѓу другото, ова е еден од најголемите светски конгреси за правда каде земаат учество претставници од околу 50 – тина држави од светот. Повеќето од делегациите се претставени на министерско ниво, потоа на претседатели на врховни судови, државни обвинители, директори на институции за обука на судии и јавни обвинители и така натаму. Во текот на конгресот министерот Џафери ќе оствари неколку билатерални средби со неговите колеги од земјите од регионот како и пошироко од други земји.


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk