|
Министерот за правда г. Џафери учествуваше на манифестацијата организирана од Нотарската
комора на Република Македонија „Нотарски
денови„. Во текот на неговото обраќање министерот Џафери истакна дека: Воведувањето на нотаријатот во
Република Македонија како современа јавна служба воспоставена заради
задоволување на потребите и правните интереси на граѓаните и другите правни
субјекти позитивно се одрази врз
целокупното функционирање на правниот систем, а особено влијаеше врз
унапредувањето на превентивната правна заштита и зголемувањето на правната
сигурност на граѓаните. Тој исто така истакна дека: Нотаријатот во Република
Македонија функционира повеќе години, но, тоа незначи дека во рамките на
извршување на нотарската дејност повеќето од вас не се соочија со повеќе
проблеми, а досегашната примена на Законот за нотаријатот покажа и одредени
слабости кои ќе се надминат со новиот
Закон за нотаријатот кој ќе започне да се применува од 01.01.2017 година, и се надеваме дека
успешно ќе ја заврши својата работа на еден модерен и современ закон. На крај од неговото обраќање министерот Џафери се заложи за постојанана поддршка на развојот на нотаријатот
и од аспект на легислативен и од аспект на едукативен и функционален план, потенцирајќи го значењето на функцијата на нотарите за правниот систем на Република Македонија.
|
|