Тркалезна маса „Заокружување на реформите во судството и усогласување на граѓанското законодавство со стандардите на ЕУ"  
     
 

04.10.2007

 
 

Заокружување на реформите во судството и усогласување на граѓанското законодавство со (стандардите на ЕУ е тема на дводневната тркалезна маса што започна денеска во Скопје во организација на Министерството за правда во соработка и поддршка на ОБСЕ и О.П.Д.А.Т.- проектот во рамки на Амбасадата на САД.

"Дебатата е со цел да се помогне во реализација на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за 2008 година и обврските за исполнување на критериумите за членство во Европската унија. 

Во реформите на судскиот систем оваа година поминаа многу закони, а голем дел од нив се во собраниска процедура. Имаме интензивна законодавна иницијатива за заокружување на правната рамка која произлегува од стратегијата за судските реформи, рече на тркалезната маса министерот за правда Михајло Маневски.

Предвидуваме нови содржини во сите реформски правци, но фокусот на вниманието ќе го свртиме кон имплементацијата на законите, додаде Маневски. 

Тој истакна дека Република Македонија треба да стане место каде што инвеститорите ќе имаат сигурност и каде ќе се обезбедува ефикасна постапка доколку дојде до спорови.

- Сите напори кои ги правиме ќе обезбедат побрзо чекорење кон она што значи право, правна норма и нивно усовршување. Се надевам дека денеска ќе излеземе од состојбата за заокружување на дел од реформите околу конституирањето на Судскиот совет и околу обезбедувањето на целосно остварување на неговата функција, рече министерот Маневски. 

На дводневната работилница присуствуваат претставници на правосудни институции, министерства, меѓународни организации во Македонија, како и професори од правниот факултет „Јустинијан први" во Скопје.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk