Средба на министерот Михајло Маневски со новинари од печатени медиуми од неколку западноевропски земји  
     
 

16.10.2007

 
 

Министерот Михајло Маневски денеска во просториите на Акдемијата за обука на судии и обвинители имаше средба со новинари од печатени медиуми од неколку западноевропски земји.

Пред новинарите од  Le Monde,  Nederlands Dagblag,  Nepszabadsag,  Kurier, Nea, идр. Министерот Маневски ги изложи активностите  и мерките што  Министерството за правда ги презема во рамки на реформата на  правосудството и борбата со организираниот криминал.

Министерот Маневски потенцира дека Владата на Република Македонија е цврсто определена  да ги имплементира донесените реформски закони, како и оние што се во подготовка се со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правата и слободите на граѓаните на  Република Македонија и ефикасно справување со криминалот и корупцијата во Република Македонија.

Владата  на Република Македонија  практицира реална а не вербална заложба за борба против корупцијата и криминалот  во Република Македонија, што во изминатиов период се докажа со зголемена активност на правосудните органи во Република Македонија рече Маневски.

Новинарите на средбата покажаа интерес за напорите што ги прави Министерството на нормативен план за сосечување на организираниот криминал уште во неговиот зачеток односно обид.

Министерот Маневски истакна дека министерството работи на нормативно зајакнување на институциите на системот , како и на законските измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка кои се однесуваат на пропишување на новите кривични дела против организираниот криминал и новините во однос на конфискација на имот, како и одредбите на Законот за спречување на корупцијата.

          Во однос на прашањето на фактичката независност на судството од законодавната  власт министерот  Маневски истакна дека тоа е постигнатао со потполна независна позиција на работата на Судскиот Совет на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk