Во просториите на Министерството за правда се одржа Координативен состанок во врска со Стратегијата за реформа во правосудниот сектор  
     
 

27.07.2017

 
 

Средбата ја отвори и ја водеше министерот за правда Билен Саљији, а свое обраќање имаа и заменикот на министерот за правда Оливер Ристовски, како и претседателот на работната група за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор проф. д-р Ана Павловска-Данева.

Министерот  имаше кратко излагање на Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија во насока на спроведување на „Итните реформски приоритети“. Тој истакна дека Министерство за правда е главен носител на реформите во правосудството, но заедно со сите чинители на правосудниот систем.

Исто така, тој истакна дека  целта на оваа средба е активно вклучување и учество на сите чинители во правосудството во процесот на изготвување на Стратегијата. Присутните беа информирани дека во рамките на Министерството за правда е формирана работна група за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со Акционен план.

По отворената расправа и дискусија на сите учесници на состанокот министерот Саљији ги повика присутните да дадат искрен и конструктивен придонес во реформата, на начин што сите свои забелешки, сугестии, истражувања, мислења и ставови да ги достават до работната група за изготвување на Стратегијата во Министерството за правда.

Министерот го истакна своето очекување за успешна соработка и успешен исход на сите чинители во правосудниот сектор.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk