Делегација на Државниот управен инспекторат, предводена од директорот Димитар Ѓеорѓиевски е во студиска посета на Министерството за јавна управа  
     
 

22.10.2007

 
 

Во рамките на Програмата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија на полето на европските прашања за 2007 година, во делот на зајакнување на административните капацитети на инспекциските служби, делегација на Државниот управен инспекторат, предводена од директорот Димитар Ѓеорѓиевски е во студиска посета на Министерството за јавна администрација на Република Словенија во периодот 20-22 октомври 2007 год., која ќе биде искористена за размена на искуства за законската поставеност и функционирањето на инспекциските служби и други прашања од областа на јавната администрација, а во рамките на процесот на усогласување на домашното законодавство со легислативата на Европската Унија.

Дводневната посета на Министерството за јавна администрација на Република Словенија ќе биде искористена за дискусија на следниве теми:

Примена на Законот за инспекциски надзор.

Функционирање на Инспекциските совети.

Менажмент и кадар.

Надзорот на административните функции во зависност од квалитетот на јавната администрација.

Сервис за меѓународни односи.

Посета на соодветен орган за инспекциски надзор.

Претставување и промоција на квалитетен систем на управување.

Претставување и промоција на работата на јавната администрација на различни проекти како и административните функции во согласност со методолошките основи и информациската поддршка во областа на менажирањето со проекти.

Е-влада и административните процеси (ИТ стратегија на Министерството за јавна администрација на Р.Словенија).

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk