Во просториите на Министерството за правда се одржа вториот состанок на Советот за реформа на правосудниот сектор  
     
 

18.08.2017

 
 

Во просториите на Министерството за правда се одржа вториот состанок на Советот за реформа на правосудниот сектор. На состанокот беа присутни мнозинството од членовите. Нацрт – стратегијата за реформа на правосудниот сектор беше презентирана од страна на претседателката на работната група, а Министерот за правда ги повика членовте да ги дадат своите мислења и забелешки. Нацрт стратегијата беше поздравена како добар стратешки  документ, во кој се нотирани повеќето слабости на правосудниот систем со конкретни предлог мерки.

Членовите на Советот со конкретни забелешки даваа предлози за идно надополнување  и изменување на документот, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група задолжена за подготовка на Стратегијата.

Воедно, на состанокот беше поделен и нацрт Законот за изменување и дополнување на Судскиот совет на РМ и Законот за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судијаза кои Советот ќе се произнесе на наредната седница.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk