Во просториите на Министерството за правда се одржа четвртиот состанок на Советот за реформа на правосудниот сектор  
     
 

06.09.2017

 
 

Во просториите на  Министерството за правда се одржа четвртиот состанок на Советот за реформа на правосудниот сектор на кој целосно се прифати Нацрт Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со Акциски план, подготвени од Работната група при Министерството за правда.

Членовите на Советот ги дадоа конечните и конкретни забелешки во насока на подобрување на содржината на Нацрт-Стратегијата и Акцискиот план и им препорачаа на Работната група и Министерството за правда да почнат со нивна јавна презентација. Целта на запознавање на пошироката јавност со овие нацрт-документи е да се овозможи простор за предлози, забелешки и дополнувања од сите заинтересирани страни во процесот на нивно финализирање.

Советот даде препорака, по завршувањето на овие активности, да се продолжи со постапката за усвојување на Нацрт - Стратегијата со Акцискиот План, на транспарентен и инклузивен начин.  

 Советот за реформа на правосудниот сектор отвори и неколку значајни прашања кои имаат за цел да ја вратат одземената правда на граѓаните, и во следниот период ќе предложи сериозни мерки и дејствија до Владата на Република Македонија со кои ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk