На Конференција на Европски Министри за правда министерот Маневски ја потпиша Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата  
     
 

25.10.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски ја предводи делегацијата на Министерството за правда на РМ која учествува на 28 Конференција на Европските Министри за правда. Конференцијата е во организација на Советот на Европа и се одржува во Ланзароте, Канарски Острови-Шпанија од 24 до 26 октомври 2007 година.

Темите на кои ќе се дискутира  на Конференцијата се однесуваат на -Пристапот до правдата на ранливите групи и тоа: ‘мигрантите и азилантите’ и ‘децата вклучувајќи ги и децата сторители на кривични дела’.

 На конференцијата подготгвени се и две резолуции по однос на темите на конференцијата кои треба да се усвојат од Европските Министри за правда а предвидуваат зголемување на активностите на земјите членки на Советот на Европа, меѓу кои и РМ, за подобрување на пристапот до правдата на ранливите групи.

Со цел обезбедување на подобра заштита на децата, Советот на Европа подготви и нова Конвенцијата за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуално насилство. Утринава, Министерот Маневски ја потпиша Конвенцијата со што Република Македонија се приклучи кон истата согласно овластувањето дадено од Владата на РМ и Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски.

 

На маргините на состанокот, министерот Маневски се сретна со министерот за правда на Шпанија - Бејмеро, Министерот за правда на Р.Србија - Петрович, заменик министерот за правда на Украина а предвидени се и други билатерални средби.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk