Средба Саљији - Герберих  
     
 

04.10.2017

 
 

Денес, Министерот за правда Билен Саљији оствари средба со амбасадорот на Република Германија во Република Македонија, Томас Герберих на која беше разговарано за активностите на Министерството за правда поврзани со спроведување на итните реформски приоритети.

Во таа насока, амбасадорот Герберих изрази респект за задачите што ги презема министерството а кои се во насока на што побрза евроатлантска интеграција и увери дека со неговото поставување за амбасадор на Р.Германија во Р.Македонија нема да има никакви измени во однос на поддршката што Германија во континуитет и ја дава на Македонија.

Тој истакна дека реформата што треба да ја спроведе Министерството за правда а која е основана согласно извештаите на Прибе е од посебно значење но и дека е потребно време за реализација. „За тоа сме свесни, но Министерството за правда во своите активности се води согласно динамиката во Планот 3-6-9 на Владата. Целта на министерството е квалитетно да ги спроведе предвидените обврски во правосудството што ќе овозможат враќање на правната држава. Сето ова го правиме исклучиво транспарентно вклучувајќи ги сите засегнати страни“- изјави министерот Саљији.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk