Министерот Билен Саљији на средба со шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР  
     
 

09.10.2017

 
 

Денес, министерот за правда, Билен Саљији оствари средба со шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија, г-ѓа Одри Гловер и правниот аналист Марла Мори.

На средбата се разговараше за досегашниот тек на изборниот процес, за значењето на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во насока на организирање и реализирање на фер и кредибилни избори како и за имплементацијата на Изборниот законик.


Министерот Саљији го потенцираше ставот на Министерството за правда дека на Македонија безусловно и се потребни фер и демократски избори и дека согласно надлежностите кои ги има, ова министерство постапува исклучиво почитувајќи ја законската регулатива. Двете страни разменија мислење и за прашања поврзани со Избирачкиот список и за заштита од злоупотреба на буџетски средства во изборниот процес. Во таа насока, министерот Саљији информираше дека Владата донесе Упатство за начинот на постапување на министерствата , другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес со што се намалува можноста за злоупотреба на буџетските средства и позицијата на државните институции.

Претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР заедно со министерот Билен Саљији и заменик министерот Оливер Ристовски изразија подготвеност за соработка и во иднина со цел соодветно  да се одговори на потребите за исполнување на стратешките цели на Република Македонија. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk