Договор за финансирање на одбраната на Љубе Бошковски  
     
 

14.07.2006

 
 

Владата на Република Македонија во согласност со определба да помогне во одбраната на Љубе Бошковски пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг донесе заклучок со кој предвиде учество во финансирањето на трошоците на одбраната.

За таа цел беше подготвен Договор за плаќање на трошоците  за  одбраната на Љубе Бошковски пред Хашкиот трибунал кој беше потпишан од страна на премиерот Владо Бучковски.

Владата на Република Македонија не сакаше да дозволи прашањето на плаќањето на трошоците на одбраната на Љубе Бошковски да се злоупотреби во изборната кампања, аико заклучокот за помош и склучување на Договорот беше донесен пред почетокот на кампањата.

Главниот  адвокат Једина Рашидовиќ  за сите активности на Владата беше претходно информирана  и  прифати потпишувањето на Договорот од нејзина страна да биде направено по завршување на изборите.

Со овој Договор Владата на Република Македонија се обврзува да ги сноси трошоците за одбраната на Љубе Бошковски пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, во согласност со Упатството за доделување бранител по службена должност кое го донел Трибуналот, разработена во шемата за плаќање на претпретресната и шемата за плаќање во фазата на судење.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk