Министерот Маневски се обрати на 28 –та конференција на советот на европа посветена на пристапот на правдата на ранливите групи  
     
 

26.10.2007

 
 

На 28 та Конференција на Советот на Европа, која се одржува во Ланзароте , Шпанија во рамки на пленарната сесија министерот за правда Михајло Маневски се обрати на присутните, осврнувајќи се на неколку прашања и предлози кои се однесуваат на подобрување на заштитата на правата на детето како на национално така и на меѓународно ниво.

 Министерот Маневски  во своето обраќање се осврна на активностите кои Република Македонија ги презема за подобрување на заштитата на правата на детето и децата сторители на кривични дела како што е усвојувањето на новиот Закон за малолетничка правда и измените на Кривичниот законик во кој се воведуваат нови кривични дела дела како што се , детска порнографија , жртва на кривично дело , трговија со малолетни лица, полов напад  врз дете, производство и дистрибуција на детска порнографија преку компјутерски систем идр.

На Конференцијата беа усвоени две резолуции – Резолуција за пристапот до правдата на мигрантите и азилантите и Резолуција за детска правда.Со усвојувањето на двете резолуции, министрите за правда на земјите членки на Советот на Европа се задолжија да преземат конкретни мерки за подобрување на заштитата на правата на овие две категории на луѓе во своите земји и во рамки на Советот на Европа.

На маргините на состанокот , министерот за правда Маневски оствари повеќе билатерални средби : со претставничката на  UNICEF, заменик регионалниот директор G-ga. Kianian-Firouzgar, државниот секретар на Словенија г-дин Robert Marolt, министерот за правда на Босна и Херцеговина Чолак, како и со преставникот на постојаната мисија на Холандија во Стразбур и советник за правни прашања  г-дин  Gerard C. de Boer .

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk