Соопштение за одржани билатерални состаноци во рамките на Министерски форум за правда и внатрешни работи во Софија, Република Бугарија  
     
 

01.11.2017

 
 

Министерот за правда Билен Саљији во рамки на своето учество на ЕУ – Западен Балкан Министерски форум за правда и внатрешни работи, во Софија, Република Бугарија, на 26.10.2017 година, одржа билатерани состаноци со Министрите за правда на Република Црна Гора, Република Косово и Република Албанија.

Во рамки на билатералната средба со Потпретседателот на Владата и Министер за правда на Република Црна Гора, Зоран Пажин, од страна на Министерот за правда, Саљији беше истакнато значењето на соработката помеѓу двете министерства, како и на унапредување на партнерскиот однос во поглед на членството во Европската унија.  

Во тој контекст, Саљији истакна дека имајќи во предвид дека Република Црна Гора, веќе ги води преговорите за членство во Европската Унија, во рамки на кои се соочила со истите предизвици со кои се соочува и Република Македонија, особено е важна размената на искуствата и знаењата помеѓу административните капацитети на двете министерства.

Министерот за правда, Саљији го информираше својот колега Пажин за активностите поврзани со изработката на Стратегија за реформа на правосудниот сектор со Акциски план, при што нагласи дека во процесот на подготовката, работната група го имала во предвид искуството на Република Црна Гора.

Од страна на Потпретседатлот на Владата и Министер за правда, Пажин беше истакнато дека Република Црна Гора ја смета Република Македонија за земја партнер со која има позитивна и успешна соработка. Во тој контекст, истакна дека Министерството за правда со сите свои капацитети ја нуди својата поддршка и помош на Министерството за правда на Република Македонија при подготовката на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, како и генерално при реализацијата на правосудните реформи поврзани со процесот на интеграција во Европската унија.

На крајот од страна на двајцата соговорници, беше истакната заедничка заложба за унапредување на соработката помеѓу двете министерства преку одржување на заеднички средби и состаноци во блиска иднина.

Министерот за правда, Билен Салији одржа и билатерален состанок со Министерот за правда на Република Косово, Абелард Тахири.

На состанокот на самиот почеток беше истакнато значењето на соработката помеѓу двете министерства во контекст на реформските активности во правосудството.

Министерот за правда, Саљији се заблагодари за изразениот интерес за средбата и воедно ја истакна силната поддршка која Република Македонија ја дава на Република Косово во остварувањето на своите приоритети.

Во таа смисла беа разменети искуствата во областите владеењето на правото, особено во подготовката на законите кои обезбедуваат независно и самостојно судство, законите со кои се гарантираат човековите права и слободи, како и активностите кои се превземаат во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Од страна на двајцата министри беше искажана взаемна заложба за продлабочување на натамошната соработка, преку одржување на заеднички средби и размена на искуства помеѓу Министерствата за правда на Република Косово и Министерството за правда на Република Македонија. 

Министерот за правда на Република Македонија, Саљији оствари билатерална средба со Министерот на Албанија, Етилда Ѓонај. На самиот почеток беа разменети позитивни искуства од досегашната взаемна поддршка и соработка помеѓу двете земји.

Министерот за правда, Саљији ја информираше својата колешка за реформските активности кои се превземаат за обезбедување на независен судски систем. Во таа смисла го истакна како најзначаен процесот на подготовка на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Истовремено, информираше и за статусот на најновите законски решенија кои се во подготовка, во насока на обезбедување на ефикасен и  транспарентен правен систем. 

На крајот беше истакнато дека соработката меѓу двете земји е одлична и истата треба да продолжи во насока на зајакнување на заедничките приоритети, како и целосното спроведување на договорите постигнати досега.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk