Министерот Саљији присуствуваше на презентација на извештајот за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Француската Академија  
     
 

04.11.2017

 
 

Министерот за правда, Билен Саљији се обрати на настанот на кој беше презентиран извештајот за соработката на Академијата за судии и јавни обвинители со француската Национална академија за правосудство а кој се одржа во Француската резиденција во Скопје. Покрај Саљији, свои обраќања имаа и амбсадарот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние и Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска.

„Од големо значење е изготвувањето на извештајот кој вклучува анализа на педагошкиот систем кој го применува нашата Академија во обуките на судиите и јавните обвинители. Особено е значајно што во овој извештај има посебен осврт на лоцираните недостатоци на нашиот систем на обука на судиите и јавните обвинители и предлози за нивно надминување. Неговото значење е уште поголемо имајќи го предвид фактот дека нашиот модел за обука на судии и јавни обвинители кој ги вклучува почетната и континуираната обука беше преземен од францускиот, кој претставува еден од најпознатите системи за обука на судии и јавни обвинители и кој во светски рамки е систем со најдолга правна традиција“ – истакна министерот Саљији во своето обраќање.

Амбасадорот Тимоние на настанот истакна дека кон Академијата беа адресирани многу критики во изминатиот период  по што следуваше извештај за работата на академијата кој го изготвија двајца француски експерти од областа. Амбасадорот сугерираше дека францускиот јазик би требало да биде еден од критериумите за влез во Академијата како и тоа дека треба да се постават објективни критериуми за назначување на судии без политички притисоци.  Исто така,  амбасадорот потенцираше и на значењето на транспарентноста во целиот процес на имплементација на реформите.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk