Јавна расправа по Предлогот за донесување на Закон за постапување по претставки и предлози  
     
 

26.10.2007

 
 

Јавната расправа по Предлогот за донесување Закон за постапување по претставки и предлози беше можност на транспарентен начин надлежните органи  како и невладини и меѓународни организации да се произнесат и да ги достават своите забелешки,  предлози,  и сугестии по предлогот.

Во своето воведно обраќање директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеорѓиевски  рече дека правниот основ на предлогот е утврден во Уставот на Република Македонија  според кој е определено дека секој граѓанин  на Република Македонија има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор.

Предлогот според Ѓеорѓиевски ги уредува прашањата: кој и на каков начин може да поднесе претставка , во кој рок е потребно да се постапи од страна на надлежниот орган, координацијата на органите кои го применуваат законот, определувањето одговорно лице, прекршочната одговорност кога не се постапува по законот идр.

Предлогот за донесување на Закон е во втора фаза во Собранието на Република Македонија.

На јавната расправа со свои излагања во кратки црти се осврнаа на Предлогот и Љубомир Младенов преставник од Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија, Драги Целевски претставник од Народниот правобранител како и Николчо Николовски судија во Врховниот суд на Република Македонија.

Во дискусијата по Предлогот  беа изнесени бројни прашања и забелешки кои се однесуваа на субјектот односно надлежниот орган за постапување,на постапката или на прекршочните одредби. Сите овие забелешки ќе бидат разгледани и соодветно третирани во Предлогот за донесување на Закон за постапување по претставки и предлози.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk