Работни средби на работната група за изготвување на Законот за судската служба со синдикатот на УПОЗ  
     
 

30.10.2007

 
 

Во согласност со програмата на Владата на Република Македонија во делот кој се однесува на законски проекти од областа на реформите во правосудството , Министерството за правда пристапи  кон изготвување на  текстот на Законот за судска служба .

 Во Законот за судска служба  системски и конзистентно се уредуваат прашањата за судската администрација, системот на плати на судската полиција и управувањето со предметите во судовите.

Заради комплексноста на прашањата што се однесуваат на судската администрација , предлогот на Законот за судска служба беше доставен на мислење на УПОЗ , исто така во континуитет беа договарани и одржани неколку работни  средби со претставници на Синдикатот на УПОЗ.

Со работните групи на синдикатот на  УПОЗ предводени од Пеце Груевски - секретар на УПОЗ и Димитар Ѓеорѓиевски директор на Државниот управен инспекторат , се одржаа  средби  на  8-10-2007 година ,  на 19-10-2007 година  и  на 29-10-2007 година во просториите на  Министерството за правда.

На средбите  договорено е и прифатено од двете страни  дека околу законските одредби потребни се дополнителни консултации како во Министерството за финансии така и во Судскиот буџетски совет, каде што предлозите ќе бидат разгледани и ќе биде преиспитана можноста за нивно вклопување во законскиот текст.

            Министерството за правда   во согласност со законски утврдените надлежности како и досега така и  во иднина ќе се раководи од принципите на транспарентност во својата работа и координација  во активностите со соодветните органи , со цел предлагање квалитетни законски решенија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk