Jавна дебата по Предлог Законот за извршување и Предлог законот за нотаријат  
     
 

02.02.2018

 
 

Во просториите на Владата на Република Македонија, под раководство на Министерот за правда, г. Билен Салији, беше организирана јавна дебата по Предлог Законот за извршување и Предлог законот за нотаријат.

Ваков вид на дебата  беше организирана за прв пат со цел да се дефинираат некои отворени прашања во врска со овие закони, но исто така и заради транспарентност и добивање на мислења од страна на сите засегнати страни од одредбите на овие два закона. Исто така, целта на оваа јавна дебата беше во интерес на изнаоѓање на најквалитетни законски решенија  кои ќе обезбедат најприфатливи услуги пред сè за граѓаните па и за сите други субјекти во земјата.

Министерот за правда во отворањето на состанокот ја истакна посветеноста на Владата на Република Македонија и на Министерството за правда за квалитетни услуги во спроведувањето на нотарските постапки, како и за зајакнувањето  на правната сигурност во земјата. Министерот Салији ги повика сите засегнати страни во однос на овие  закони да бидат поразумни и прво да размислуваат за интересите на граѓаните, а не за нивните тесни интереси, а истите одредби да бидат во согласност со Европските стандарди.

 На оваа дебата учествуваа претставници од други министерства, како што се Министерот за труд и социјална политика, претставници од  Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи и други економски сектори. Исто така, на овој состанок, нивните придонеси и мислења имаа можност да ги  дадат и претставниците на Комората на извршители на РМ, Нотарската комора на РМ и други претставници од деловниот сектор и другите јавни претпријатија во земјата.

Во текот на оваа дебата, учесниците ги дадоа своите мислења и предлози за предлог текстовите од Министерството за правда во врска со Законот за извршување и Законот за нотаријат, додека од министерството ветија дека ќе ги земаат во предвид сите предлози и во најкус можен рок, ќе се состанат работните групи за соодветните закони за да носат квалитетни предлози во корист на граѓаните.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk