Свечена заклетва на новоизбраните судии на Управниот суд и Апелациониот суд- Гостивар  
     
 

05.11.2007

 
 

Новоизбраните судии на Управниот суд и на Апелациониот суд –Гостивар денеска во големата сала на Апелациониот суд –Скопје дадоа свечена заклетва.

 Mинистерот за правда Михајло Маневски од свое име и од име на Министерството за правда им го честиташе изборот на новоизбраните судии.

Министерот Маневски потенцира дека ова претставува прв избор на судии извршен по скоро една и пол година , откако изборот на судиите беше блокиран скоро една година  од ирационални причини.

Судската  власт рече министерот Маневски е темел на остварување и заштита на демократските права и слободи на граѓаните , на правните и физичките лица, на поредокот утврден со Уставот, на личниот интегритет , имотот и имотните права. Токму поради тоа самостојното и независно судство е основната цел на судските реформи,  заради поефикасно остварување и заштита на овие права пред судовите.

Министерот Маневски се осврна и на мандатот на судиите .Тој рече дека дел од носителите на судската функција , трајниот мандат го сватија како доживотна , гарантирана судска функција, независно од тоа како и колку работат и какви резултати постигнуваат.

Тоа е сосем погрешно потсети министерот Маневски.Токму трајниот мандат обврзува на постојана самоконтрола и следење на извршување на судската функција на секој суд и секој судија од страна на повисоките судски инстанци и Судскиот Совет на РМ.

Несовесното и нестручно вршење на судската функција не е сојузник на судските реформи  истакна Маневски.

Новоизбраните судии ќе  започнат со  својата работа во текот на оваа недела ,откако ќе биде завршено доопремувањето  на новите судски простории.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk