На денешната седница на Владата на Република Македонија усвоен е нов Закон за бесплатна правна помош  
     
 

20.02.2018

 
 

Со предлог на Министерство за Правда, на денешната седница на Владата на Република Македонија усвоен е нов Закон за бесплатна правна помош.

Со новиот закон се дава можност на што поголем број на граѓани, особено оние кои припаѓаат на социјално ранливите категорииквалитетно, правично и фер судење. Со новиот закон се менува концептот на бесплатната правна помош, а со цел брзо, навремено, ефикасно и ефективно остварување на правото на правна помош од страна на лица на кои им е потребна стручна помош во постапките пред надлежните органи. Наведеното ќе се постигне со оглед на фактот што со донесеното законско решение се врши редефинирање на условите за одобрување на користење на правна помош финансирана од страна на државата што ќе резултира со проширување на опсегот на лица – корисници на ова право. Воедно се конкретизираат обврските на сите учесници во системот на бесплатна правна помош, а на лицата корисници на правото на бесплатна правна помош им се излегува во прсрет и истите се ослободуваат од плаќање на судски и административни такси што во досегашната практична примена на постоечкото законско решение се покажа како еден од посериозните проблеми со кои се соочуваат корисниците во ефективното остварување на ова право.

 

Донесениот закон опфаќа и низа други решенија кои имаат за цел да се унапреди состојбата во областа и да се надминат низа проблеми воедно детектирани и од страна на Европската Комисија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk