Министерот Салији и г.Мекнил правен советник на САД изразија спремност за соработка во спроведувањето на реформите во правосудната област  
     
 

21.02.2018

 
 

Министерот Салији денеска го пречека на службена средба,  официјалниот правен советник на САД во Скопје, г. Џон Мекнил.

Салији му се заблагодари на г. Мекнил за посетата и за  понудената помош од  САД, и во овој контекст го извести за преземените чекори  од страна на Министерството за правда во однос на  спроведувањето на реформите во правосудниот сектор.

Министерот исто така го информираше г. Мекнил и за последните измени на Законот за судовите  и  Законот за  судскиот совет, Законот за јавното обвинителство  и Законот за советот  на јавните обвинители,  за измените и дополнувањата на  Кривичниот законик и  Законот за  кривичната постапка.

Тема на разговорот  исто така беше и  инсталирањето на  аудио и видео опремата за  снимање во судските сали.

Министерот Салији   информираше за инсталирањето на опремата   која се планира да се  инсталира  во Основниот суд Скопје 1 Скопје,   за кое е започната тендерската постапка,  како и за  инсталирањето кое треба да  се  изврши  во соработка со Судскиот совет  во судовите  со проширена надлежност  низ  целата територија на Македонија.

Г. Мекнил  вети дека ќе го поддржи  Министерството за правда на РМ за сите проекти  кои ќе помагаат во процесот за интеграција на земјата.

И двете страни  се согласија  за понатамошна соработка, како и за  размена  на  искуства во  оваа област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk